Search

Четврта жртва во Србија е лекарка од Ниш

Билјана Натиќ – Љумовиќ(59), лекар-гинеколог од Здравствениот дом во Ниш, е четврттата жртва од коронавирусот во Србија. Таа е првата жртва меѓу здравствените работници кај северниот сосед. Во Ниш има евидентирано дека од коронавирусот се заразени осумина лекари. Во Србија вкупно се регистрираните 303 заболени од Ковид-19.

Како што пренесуваат српски медиуми, а веста ја потврди и министерот за здравство кај северниот сосед Златибор Лончар лекарката починала вчера околу 16 часот во нишкиот Клинички центар.

Починатата докторка била дијабетичар, а на распиратор била приклучена од 21 март. Таа е од Прокупње, а во Ниш дошла да рабпоти пред две три години. Таа претходно имала контакт со повратничка од Италија, која заразата им ја пренела и на уште неколкумина.

Треба да знаете
Последни објави