Search

Ципрас повика на трансформација на СИРИЗА

Поранешниот грчки премиер и лидер на СИРИЗА, Алексис Ципрас, повика на трансформација на неговата партија во пошироко движење, кое ќе биде унија на прогресивните и демократски сили.

„Треба да ги зачуваме своите корени. Сепак, не треба да се плашиме да се претвориме во дрво со силни и длабоки корени и гранки кои ќе се отворат за да ги прифатат сите прогресивни и демократски идеи“, рече Ципрас на седницата на Централниот комитет на партијата.

Тој нагласи дека трансформацијата на партијата би ја претворило СИРИЗА во „партија на масите“ и „главен глас на прогресивните сили во земјата“.

„СИРИЗА прави многу на предвремените избори по нападот со кој се соочи по поразот на изборите за Европскиот парламент во мај“, рече Ципрас оценувајќи дека партијата има моќ да се спротивстави на плановите што ќе и наштетат на работничката класа.

Треба да знаете
Последни објави