Search

Хрватите се најдебелите мажи во земјите на ЕУ

Според податоците од последното големо истражување за здравјето на граѓаните на ЕУ, Хрватска е најлошо рангирана земја кога станува збор за прекумерната тежина, пишува загрепскиот весник „ Јутарњи лист”.

Во него се наведува дека убедливи шампиони во дебелината се мажите во Хрватска, бидејќи дури 73 проценти од нив имаат прекумерна тежина. Франција има најмал број мажи со прекумерна тежина – 53 проценти.

Италија има најнизок процент на жени со прекумерна тежина во ЕУ – 37 проценти, а во Хрватска тој процент е 58.

Според проценките од публикацијата на ОЕЦД – „Тешкиот товар на дебелината”, прекумерната тежина во Хрватска се поврзува со очекуваното намалување на животниот век за три и пол години. До 2050 година, прекумерната тежина се предвидува да биде одговорна за 75 проценти од случаите на дијабетес, 10 проценти од кардиоваскуларните болести, седум проценти од случаите на деменција и пет проценти од случаите на рак.

Во хрватската статистика за прекумерна тежина, посебно преголема маса имаат 27,3 проценти од лицата на возраст од 18 до 24 години, 45,1 проценти од лицата на возраст од 25 до 34 години, 59,8 проценти од оние на возраст од 35 до 44 години и дури 66,6 проценти од лицата на возраст меѓу 45 и 54 години.

Треба да знаете
Последни објави