Search

Хотелот што се запали во Њу Делхи имал неисправни аларми

Истрагата за пожарот што изби во хотел во Њу Делхи, покажа дека објектот имал неисправни аларми. Во несреќата загинаа 17 луѓе.

Хотелот „Арпит Палас” имал сигурносна проверка од пожар во декември 2017 година, но при истрагата по пожарот е утврдено дека биле прекршени неколку прописи за заштита од пожар, вклучително и недостиг на знаци кои би ги воделе гостите до излезите, а противпожарните аларми не функционирале.

Се претпоставува дека огнот во вторникот избил на првиот кат од хотелот и брзо се проширил низ ходниците обложении со дрвени плочи. Две од 17 жртви загинале откако скокнале од прозорец бидејќи не успеале да ги најдат излезите за итни случаи.

За време на пожарот во хотелот со 65 соби имало околу 150 гости

Пожарите во Индија се чести поради лошите стандарди за безбедност и не применувањето на прописите.

Треба да знаете
Последни објави