Search

Харадинај: Писмото на Трамп е добра вест за Косово

Косовскиот премиер, Рамуш Харадинај, во коментар за писмото на американскиот претседател, Доналд Трамп до косовскиот претседател, Хашим Тачи оцени дека писмото е добра вест за Приштина, соопшти „Радио и телевизија Косово“.

Од самиот почеток, САД беа и продолжуваат да бидат најголемиот сојузник на земјата, нејзиниот суверенитет и територијален интегритет. Како премиер на Косово категорично ги поддржувам сите напори за унификација на позициите во политичкиот спектар и брзите подготовки за постигнување на сеопфатен, правно обврзувачки договор помеѓу Косово и Србија“, напиша Харадинај.

Вчера, американскиот претседател Доналд Трамп испрати писмо до косовскиот претседател, Хашим Тачи. Трамп во писмото побара од политичките лидери на Косово да бидат единствени во постигнувањето сеопфатен договор со Србија.Трамп наведе дека му било задоволство да разговара со Тачи во Париз и дека Косово го смета за партнер во настојувањата да гарантира мир и стабилност во Европа.

Тачи и Харадинај немаат единствен став околу Србија. Додека Тачи говореше за размената на територии како решение за постигнување договор со Белград, Харадинај зазеде цврста позиција и укажа дека нема да дозволи размени. Тој даде и до знаење дека нема да ги укине царините од 100 проценти за производите од Србија, и покрај апелите на Европската Унија кои побараа итно укинување на мерките.

Треба да знаете
Последни објави