Search

ФАО: Во јуни, првпат годинава, се зголеми цената на храната

Цената на храната во светот, во јуни, се зголеми по првпат годинава и покажуваа мала стабилизација по остриот пад предизвикан од пандемијата на коронавирус, соопшти денеска Агенцијата за храна и земјоделство при ООН (ФАО).

Индексот на ФАО на цената на кошничката со основни прехранбени производи се зголеми за 2,4 проценти во јуни во однос на претходниот месец, на просечни 93,2 бода.

Во услови на континуирана пазарна неизвесност, цените на растителните масла, шеќерот и млечните производи се стабилизираа по остриот пад во мај, достигнувајќи најголемо ниво во повеќе месеци, додека цените на житото и месото останаа под притисок на пазарот, се наведува во извештајот.

Цените на растителното масло најмногу пораснаа во јуни, за 11,3 проценти, што се одраз, пред сè, на порастот на цената на палминото масло, како резултат на закрепнувањето на глобалната побарувачка и стравот од можни проблеми со производството, како резултат на недостигот на работници мигранти поради пандемијата на коронавирус.

Цените на шеќерот се зголемија за 10,6 проценти во однос на мај, благодарение, делумно на извештаите за тесните грла во бразилските пристаништа поврзани со мерките за спречување на ширењето на вирусот, посочи ФАО.

Индексот, кој го покажува движењето на цените на млечните производи се зголеми за четири проценти, но цените на сите нејзини составни елементи останаа под нивото забележано пред ширењето на пандемијата, се вели во извештајот.

Треба да знаете
Последни објави