Search

Уште една лекарка тврди дека коронавирусот е создаден во лабораторија

Уште една лекарка тврди дека коронавирусот е создаден во лабораторија.

Даница Грујичиќ, директор на Институтот за онкологија во Белград  вели дека од појавата инфекцијата Ковид-19, знаењето за овој биолошки агенс се смени.

„Лично, јас сум длабоко убедена дека станува збор за лабораториски вирус и некаков вид биолошко оружје. Кој болен ум го има направено и за каква цел, не можам да одговорам на ова прашање“, изјави  Грујичиќ.

Вели дека не можат да одговорат кој би можел да го создаде тој билошки вирус.

„Сепак, единственото нешто што не се менувало цело време и важи и денес е спречување на пренесување на болеста, како што се носење маски, миење раце, редовна хигиена, капење и миење на косата. Убедена сум дека ако се придржуваме до заштитните мерки, не е далеку моментот кога ќе можеме да го поразиме вирусот“, вели таа.

Треба да знаете
Последни објави