Search

Уште еден силен земјотрес ја погоди Албанија

Неколку земјотреси повторно ја погодија Албанија, а најсилниот беше со интензитет од 4,0 степени по Рихтер.

Земјотресот бил со епицентар на 9 километри западно од Драч со длабочина од 2 километри во 12 часот и 42 минути по локално време.

По неколку минути регистриран е и втор пострес, но овојпат со помал интезитет од 2,2 степени по рихтер.

Земјотрес беше регистриран и во Грција со интензитет од 2,7 степени по Рихтер во 12 часот и 34 минути по локално време.

Треба да знаете
Последни објави