Search

Уште еден авион со медицинска помош од Кина стигна во Србија

Уште еден авион со медицинска помош од Кина вчеравечер слета на аеродромот во Белград. Помошта се состои од распиратори, заштитни одела и маски, како и тестови за коронавирус.

Премиерката, Ана Брнабиќ, рече дека летот е во организација на УНДП и дека трошоците во износ од 450.000 евра ги сноси ЕУ.

„Летот носи клинички и транспортни распиратори, маски, заштитни одела, тетови и опрема која Србија ја купи, но и која ѝ ја донираа Кина и приватни компании од оваа земја, како компанијата ХБИС“, рекла Брнабиќ.

Додала дека за испорака на целокупната медицинска опрема што Србија ја купила, но и која ја донирале Кина и приватни компании, ќе бидат потребни десетина летови при што ЕУ ќе ги покрие трошоците за најмалку четири лета.

Досега во Србија слетаа четири авиони со медицинска опрема и помош од Кина.

Треба да знаете
Последни објави