Skip to main content
Македонија

УХМР: Облачно време со дожд и снег

01/12/2024  10:38

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за денеска најавува облачно време со повремени врнежи од дожд и снег, во западните и јужните делови пообилни (над 30 l/m2).

Во Скопје облачно со врнежи од дожд, повремено пообилни, а во повисоките делови од котлината врнежите ќе бидат од дожд и снег. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.