Search

Убиен Палестинец пред почетокот на протестот на границата со Израел

Неколку часа пред почетокот на протестот на границата со Израел, израелските безбедносни сили убиле еден Палестинец, соопшти палестинското Министерство за здравство во Газа.

Во соопштението се вели дека 21-годишниот Мухамед Сад бил убиен во камп во близина на граничната ограда. Засега нема коментар од Армијата на Израел.

Убиството се случило неколку часа пред почетокот на протестот на Палестинците на границата со Израел, кој редовно се одржува веќе една година поради блокада на Појасот Газа.

Треба да знаете
Последни објави