Search

Инстаграм го избриша профилот на Карлеуша

Јелена Карлеуша, која имаше повеќе од два милиони следбеници на Инстаграм, и редовно го користеше својот профил за објавување фотографии, го загуби, потврди нејзиниот менаџер Зоран Бирташевиќ на социјалната мрежа Х.

-Бришењето на нејзиниот профил се случи откако таа во последните два дена искажа одредени ставови и квалификации за црногорската историја. Многу пријави од бот профили на различни IP адреси на сметките на JK insta резултираа со привремен проблем, кој моментално го решаваме. Се ќе биде во ред, напиша Бирташевиќ.

Веројатно, по искажувањето на ваквите ставови, бил пријавен и нејзиниот профил, по што Инстаграм, мрежа која има официјална политика и правилник во која е забрането некого да се таргетира, го избришал профилот на Карлеуша.

Треба да знаете
Последни објави