Search

Уапсени две лица во Грција со речиси пет илјади наркотични таблети

Грчката полиција утрово уапси две лица, кои нелегално, преку реката Еврос, од Турција влегле во Грција и пренеле 489 грама канабис и 4.925 наркотични таблети. Дрогата била запленета, а уапсените биле изнесени пред јавен обвинител.

Според грчките медиуми станува збор за таблетите „Каптагон”, познати како „таблети на Џихадистите”, а уапсените лица се од Сирија.

Треба да знаете
Последни објави