Search

Трамп: САД веќе не можат да бидат светски полицаец

САД веќе не можат и понатаму да бидат светски полицаец, изјави американскиот претседател Допналд Трамп за време на ненајавената посета на Ирак.

При посетата на воено-воздухопловната база Ајн ал Асад, на 160 километри западно од Багдад, каде се распоредени американски војници, Трамп оцени дека не е фер само САД да го носи товарот.

– Ние сме расфрлани низ целиот свет. Ние сме во земји за кои повеќето луѓе дури и не слушнале. Искрено, тоа е смешно, додаде тој во обраќањетоп до американската војска.

Претходно, портпаролката на Белата куќа сара Сандерс на Твитер напиша дека Трап и неговата сопуга Меланија отпатувале во Ирак за да се сретнат со американските војници за време на Божик, со цел да им се заблагодари на службата, успесите и саможртвата.

Властите во Ирак биле информирани дека Трамп ќе допатува, но официјални средби не се одржани поради неусогласеност при организацијата, поради што се одржале телефонски разговори, соопшти ирачката Влада.

Треба да знаете
Последни објави