Search

Трамп: Ние договоривме примирје во Сирија

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека САД го договориле примирјето во северна Сирија и овозможиле Курдите мирно да ја напуштат границата со Турција.

– Ние тоа го направивме, САД, а не некоја друга држава, посочи Трамп.

Тој додаде дека „благодарение на Америка сочувани се многу животи на Курдите”.

Трамп истакна и дека телефонски разговарал со командантот на Сириските демократски сили Мазлум Абди, кој се заблагодарил за поддршката од САД.

Претседателот на САД наведе и дека еден дел од американските војници ќе остане во Сирија за да ги штити нафтените наоѓалишта.

Претседателите на Русија и на Турција, Владимир Путин и Реџеп Тајип Ердоган на 22 октомври се договорија за поделба на контролата над североисточна Сирија. Во согласност со договорот, Турција ќе ја задржи областа што ја освои со инвазија, додека руските и сириските сили ќе го контролираат преостанатиот дел долж сириско-турската граница. Договорот предвидува и курдските борци во рок од 150 часа (почнувајќи од вчера на пладне) да се повлечат од зоната во североисточна Сирија.

Треба да знаете
Последни објави