Search

Трамп: „Грета личност на годината? Мислам дека треба малку да олади“

Американскиот претседател, Доналд Трамп, денеска повторно се сврте кон 16-годишната активистка за заштита на животната средина, Грета Тунберг, оценувајќи го како безначаен нејзиниот избор за личност на годината според магазинот „Тајм“.

„Грета треба да работи на својот проблем со контролата на гневот, а потоа да отиде на некој добар старомоден филм заедно со другарка! Олади, Грета, олабави се малку“, напиша Трамп на „Твитер“.

Тунберг реагираше на ист начин како кога во вторникот беше критикувана од бразилскиот претседател Жаир Болсонаро – го смени својот краток личен опис на „Твитер“, пишувајќи дека е тинејџерка која работи на својот проблем со контрола на гневот и во моментов ужива и гледа добар старомоден филм со другрка.

Болсонаро во вторникот остро одговори на нејзината загриженост поради убиствата на бразилските домородци во Амазонија.

„Грета вели дека Индијците умреле затоа што ги бранеле Амазон. Фантастично е што медиумите му даваат простор на вакво детиште“, рече Болсонаро.

Шведската тинејџерка стана симбол на растечкото движење на млади активисти за животна средина, бидејќи таа ги води неделните штрајкови во училиштата во Шведска наречени „Fridays for future“. Движењето смета дека светските власти не прават доволно во врска со климатските промени, а оттогаш штрајковите со проширија низ околу 100 градови во целиот свет.

Треба да знаете
Последни објави