Search

Тифозите со топло добредојде за Де Лихт пред прегледите во базата на Јуве

Возбудата околу трансферот на Матаис Де Лихт од Ајакс во Јувентус наскоро ќе се претворат во вистинска хистерија, ако се суди според одличниот пречек што холандскиот репрезентативец го доби од клупските фанови при денешната појава за задолжителните медицински тестови.

Деветнаесет годишниот дефанзивец синоќа слета во Торино и се очекува до крајот на денот официјално да стане фудбалер на „бјанконерите”. Според непотврдени информации, договорот помеѓу клубовите ќе биде вреден 75 милиони евра.

Спортскиот директор на Ајакс, Марк Овермарс веќе потврди пред холандскиот печат дека се чекаат само банкарските гаранции за се да биде подготвено на ниво клуб-клуб.

Треба да знаете
Последни објави