Search

Тимот на годината со четворица играчи од Реал Мадрид

Светската фудбалска федерација, ФИФА, на гала-церемонија во Милано, го објави најдобриот тим за 2019 година. Изненадување е што во него има само двајца членови на европскиот првак Ливерпул, а нема играчи од Тотенхем кој беше финалист во Лигата на шампионите. Затоа пак, четворица се од Реал Мадрид, иако Азар местото си го заслужи играјќи за Челзи

Идеалниот тим за 2019 година е следниот: Алисон Бекер (голман на годината), Матајс Де Лихт, Серхио Рамос, Вирџил Ван Дајк, Марсело, Френки Де Јонг, Лука Модриќ, Еден Азар, Кристијано Роналдо, Лионел Меси, Килијан Мбапе.

.Во гласањето учествуваа фудбалери од целиот свет, во организација на меѓународниот синдикат на фудбалери, ФИФПро.

 

Треба да знаете
Последни објави