Search

Тимоние: Не избрзувајте со оценки дека сте модел и пример за регионот

Не избрзувајте со оценки дека сте модел и пример за регионот, порача денеска на прес-конференција во Скопје, францускиот амбасадор Кристијан Тимоние. Како што најави на почетокот, Тимоние планираше да одговори на сите прашања и да ги разјасни позициите на Франција во однос на проширувањето.

-Преспанскиот договор беше предуслов за да се расчисти патот, но потоа следуваа други услови. Тоа им беше пренесено и на нашите грчки и македонски соговорници. Таа перспектива беше загубена попат”, тврди Тимоние.

Тој обвини дека во пресрет на самитот на ЕУ се правеле „маркетиншки трикови” за да се добие впечаток дека земјата ги исполнила сите задачи за да добие зелено светло за почеток на пристапните преговори.
„Не сум сигурен дека притисоците кои беа направени придонесоа да се направи напредок“, рече Тимоние.

Треба да знаете
Последни објави