Skip to main content
Хроника

Тешко повредена скопјанка по удар од автомобил во Неготино

27/10/2024  15:46

Скопјанка се здобила со тешки телесни повреди, откако во неа удрил автомобил во Неготино, информираат попладнево од Секторот за внатрешни работи – Велес.

– Во ОВР – Неготино вчера било пријавено дека на улица „Гоце Делчев“, патничко возило „тојота“ со неготински регистарски ознаки, управувано од М.Ќ., на возраст од 68 години од Неготино, удрило во 77-годишната Л.М. од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Л.М., констатирани во болницата во Велес, појаснуваат оттаму.