Search

Судењето за судијата Панчевски одложено

Судењето за поранешниот претседател на Основниот кривичен суд во Скопје, Владимир Панчевски, повторно е одложено. Причина е Апелацискиот суд во Скопје кој не донел одлука по жалбата на обвинетиот. Панчевски е обвинет дека како претседател на Кривичен суд Скопје рачно делел и местел предмети кај судии кој тој сметал дека треба да ги водат процесите.
Судскиот процес против Панчевски се води во судот во Велес за да се избегне сомнеж за пристрасност.
Поранешниот прв човек на Кривичен поднесе барање за изземање на велешкиот суд како ненадлежен, кое му беше одбиено, а потоа тој поднесе жалба во Апелациониот суд. Бидејќи сѐ уште се чека одлука од второстепениот суд, денешното рочиште беше одложено.

Треба да знаете
Последни објави