Search

Страв долг 65 километри: Како изгледа најопасниот пат во светот

Eдна од најпопуларните екстремни активности во Боливија е возењето велосипед по еден од најопасните патишта во светот.

Патот Јунгас или „патот на смртта“ е именуван поради бројот на луѓето кои загинале на него. Бил создаден откако затвореници од Парагвај ја пробиле планината Кордиљера Ориентал за време на војната за Чако.

Опкружен со планини, патот се протега на 65 километри од Ла Паз до Короико, со што ја поврзува провинцијата во срцето на Амазонија со главниот град.

Од Ла Паз, патот на смртта се искачува 4.650 метри, пред кај Ла Кумбра да почне постепено да се спушта на 1.200 метри надморска височина во градот Короико.

Од педесеттите години овој пат долго време беше единствената врска меѓу Ла Паз и регионот Јунгас. Комбинацијата на една лента, карпи високи и до 900 метри, дождливите услови и лизгањето на земјиштето резултирале со голем број жртви на овој пат.

Се проценува дека од 200 до 300 луѓе годишно умираат на патот на смртта, а во деведесеттите години, секоја недела по еден автомобил завршувал во провалија.

Една од најголемите несреќи се случила на 24 јули 1983 година кога автобус преполн со луѓе слетал во провалија, при што загинале повеќе од 100 луѓе.

По речиси 20 години напорна работа, овој пат денес е модернизиран и сега има две асфалтирани ленти и ограда. Во 2009 година беше изградена и алтернативна врска, како негова замена, па сега на патот на смртта има многу помалку сообраќај.

Дури и покрај тоа, патот Јунгас не покажува милост и наместо на возачи, сега одзема животи на туристи и велосипедисти. Повеќе од 22 велосипедисти ги загубиле своите животи на оваа рута од 1998 година до денес.

Треба да знаете
Последни објави