Search

Стефанова:Не можеме да го задржиме Миле да бега без притвор

Обвинителката од специјалното јавно обвинителство, Лиле Стефанова пред апелационите судии рече дека решението со кое кривичниот совет му определил притвор на ексминистерот Миле Јанакиески е законско.

“Не можеме да го задржиме Миле да бега без притвор”, рече обвинителката Стефанова.

Таа рече дека уште при поднесувањето на обвинението барале притвор. И кривичниот совет и Апелацискиот суд во Скопје го одбиле ваквиот предлог, но, како што рече ја потврдиле опасноста од бегство.

“Во службената белешка беа неведени детали дека ќе се даде во бегство”, рече обвинителката.

Треба да знаете
Последни објави