Search

Србија со рекордни 512 новозаразени од коронавирусот

Според последните информации во Србија во последното деноноќие забележани се 512 новозаразени со Ковид-19, а речиси половина од нив 240, се во Белград.

Тестирани биле 7.425 луѓе, а вкупно 1.256.531 од почетокот на епидемијата.

Во болница се 490 пациенти, а на респиратор 27.

Стапката на смртност во Србија изнесува 2,1 отсто. Денеска почина еден пациент.

Претходниот рекорд во Србија беше забележан на 26 јули кога имаше 467 заразени.

Треба да знаете
Последни објави