Search

Спасовски се сретна со делегација на Независниот синдикат на полицијата

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски се сретна со делегација на Независниот синдикат на полицијата, предводена од претседателот Гоце Делчев Тодев.

На средбата претседателот на НСП упати честитки до министерот Спасовски, изразувајќи надеж дека и во новиот мандат заеднички ќе бидат носени решенија во интерес на вработените во Министерството за внатрешни работи.

Министерот Спасовски ја потенцира важноста од добрата соработка со синдикатите и подготвеноста за соработка во интерес на вработените во Министерството за внатрешни работи. Тој истакна дека добрите услови за работа и подобрувањето на стандардот на полициските службеници се приоритет и во наредниот период и дека ќе се преземаат соодветни мерки за тоа.

Беше потенцирана и одлучноста за најстрого санкционирање на секој што ќе нападне полициски службеник кој се грижи за безбедноста на граѓаните.

Треба да знаете
Последни објави