Skip to main content
Македонија

Сообраќајот се одвива во зимски услови,забрана за камиони има на Маврово на патот Тетово – Попова Шапка

02/12/2024  07:45

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот.

На патниот правец Тетово – Попова Шапка е воведена забрана за тешки товарни возила во правец с. Лисец – Попова Шапка, а за останатите возила задолжително користење зимска опрема односно ланци.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

ЈП Македонијапат со целокупната расположива механизација и работна сила е вклучена во расчистување на патиштата по обилните врнежи во западните и источните предели. Како што соопштува јавното претпријатие, исто така на располагање се и фирмите со кои тие соработуваат, за навремено да се справат со снежните наноси.

На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони. Сообраќајот кон Пониква и кон с. Бели се одвива непречено, по една коловозна лента. Од страна на граѓани е најавено дека единствено до депонијата ќе бидат пропуштени возила од КЈП Водовод Кочани, но не и возила од други општини.

 ЈП Македонијапат и АМСМ апелираат на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Дежурните екипи се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.