Skip to main content
Хроника

Скопската полиција заплени 6,2 килограми марихуана, 442 таблети екстази (мдма), пиштол, куршуми…поднесена кривична пријава

09/11/2024  11:40

Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција во координација со Единицата за недозволена трговија и ЕУМНА при СВР Скопје презедоа опсежни истражни дејствија во врска со настан од 02.10.2024, кога на ул. „Ѓурчин Кокале” во Скопје беше пронајдено патничко моторно возило „мини” и при извршен претрес на 02.10.2024 околу 01 часот, по претходно обезбедена судска наредба, во возилото се пронајдени 6,2 килограми марихуана, 442 таблети екстази (мдма), пиштол, осум куршуми, пригушувач од пиштол, 14,2 мл хашиш смола, машина за вакумирање две дигитални ваги…