Search

Сириските сили ја презедоа контролата врз Калат ел Мадик

Сириските провладини сили ја презедоа контролата врз градот Калат ел Мадик во северозападниот дел на Сирија, објавија жителите на градот и опозициската Сириска опсерваторија за човекови права.

Сириската влада ги интензивираше нападите врз најголемата преостаната територија контролирана од бунтовниците во Сирија, а Калат ел Мадик е област што е најблиску до руската база Хмеjмим, која неодамна беше бомбардирана од страна на бунтовниците.

Сириските провладини сили ја проширија офанзивата во северозападниот дел на земјата, а која досега беше заснована на воздушни напади и гранатирање.

Провладините сили вчера влегоа во селото Кфар Набуда, кое е под контрола на бунтовниците во југозападниот дел на енклавата.

Иако е на сила прекинот на огнот, договорен во септември, тоа не се почитува.

Во граѓанската војна во Сирија, од 2011 година, стотици илјади луѓе ги загубија своите животи, а милиони се раселени.

Треба да знаете
Последни објави