Search

Се намалува бројот на лица кои бараат азил во Австрија

Се намалува бројот на лица кои бараат азил во Австрија, односно минатата година поднесени се вкупно 12.511 барања, што е за 1.235 помалку споредбено со 2018 година.

Во истиот период е забележано и зголемување на решенијата на  австриските власти за одземање на статусот азилант. Речиси за 50 отсто е зголемен бројот на лица на кои ваквиот статус им е одземен, јави дописникот на МИА.

За споредба, во екот на мигрантската и бегалската криза во 2015 години, во Австрија се поднесени 88.340 барања за азил.

Според австриските власти најголем дел од барателите на азил се државјани на Сирија, Авганистан и Пакистан.

Треба да знаете
Последни објави