Search

Серија земјотреси на Крит

Земјотрес со јачина од 4,4 степени попладенво го погоди грчкиот остров Крит, соопшти Институтот за геодинамика на Националната опсерваторија во Атина.

Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 30 километри во водите јужно од Крит, пренесе агенцијата АНА.

На овој земјотрес му претходеле серија потреси во зоната на Крит, со јачина од 3 до 4,4 степени, стои на веб-страницата на Евро-медитеранскиот сеизмолошки центар.

Треба да знаете
Последни објави