Search

Селма Хајек, Рајан Рејнолдс и Семјуел Л. Џексон пристигнуваат во Хрватска за еден месец

Познатите холивудски ликови – Селма Хајек (52), Семјуел Л. Џексон (70) и Рајан Рејнолдс (42) кои публиката имаше можност да ги види во акциското остварување во 2017 година „Чувај ми го грбот” наскоро доаѓаат во Ровињ, а повод е снимањето на вториот дел од споменатиот филм.

Ова беше потврдено од страна на градоначалникот на Ровињ – Марко Палиага, кој рече дека градот веќе ги издал потребните дозволи за снимање, а филмската екипа ќе биде сместена во најдобрите хотели.

Снимањето на продолжението на филмот „Чувај ми го грбот” веќе е започнато во Лондон, а тимот во април треба да дојде во Истра.

Како што е познато, пред две години во кината пристигна филмот „Чувај ми го грбот”, а главните улоги ги толкуваа Семјуел Л. Џексон кој го играше најбараниот платен убиец во светот, Рајан Рејнолдс кој го играше врвниот телохранител со задача да го заштити убиецот од какви било проблеми.

Иако филмот е речиси класична клише акција, познатите актери ја спасија работата. „Чувај ми го грбот” заработи 75,5 милиони долари за Lionsgate во САД и повеќе од 180 милиони долари низ целиот свет кога беше објавен во 2017 година.

Треба да знаете
Последни објави