Search

Секој втор починат од коронавирус во Хрватска живеел во старски дом

Речиси половина од оние што починале од Ковид-19 во Хрватска досега живееле во домови за стари лица, пишува „Јутарњи лист“.

Според Хрватскиот институт за јавно здравје (ХЗJЗ), од 108 починати 50  биле сместени во старски домови.

„Овие бројки не се неочекувани затоа што знаеме дека старите лица се најранливото население во светот. Во голем број европски земји корисниците на домови за стари лица сочинуваат помеѓу 60 и 70 проценти од смртните случаи. Ние во Хрватска долго време се обидувавме да ги заштитиме корисниците на старските домови, но, за жал, тогаш се појавија неколку случаи на заразени со коронавирус, што доведе до овие смртни случаи“, рече епидемиологот Бранко Колариќ, редовен професор на Универзитетот во Риека и член на Научниот совет за борбата со  пандемијата на коронавирус на Владата на Република Хрватска.

Иако најголема смртност е забележана кај постари лица, податоците за ХЗJЗ покажуваат дека најголем број потврдени случаи на ковид има кај возрасната група од 50 до 59 години.Во однос на претходните анализи, има зголемување и на процентот на пациенти кај возрасните групи од 20 до 29 и 30-39 години.

Треба да знаете
Последни објави