Search

САД се закануваат со агресивна примена на санкции поради иранскиот танкер за нафта „Адријан Дарја“

Според официјален претставник на Стејт департментот, САД со санкции ќе го спречуват приватниот сектор да му помогне на танкерот за нафта „Адријан Дарја“, кој сега плови на исток во Средоземното Море.

„Бродскиот сектор е предупреден дека агресивно ќе ги спроведеме санкциите на САД“, рече официјалниот претставник, цитиран од Ројтерс.

Службеникот додаде дека САД ќе дејствуваат против секој што директно или индиректно му помагал на танкерот.

„Сите страни во секторот за испорака треба да внимаваат да немаат деловни активности ниту да им го олеснуваат бизнисот на директно или индиректно санкционираните страни или санкционираниот товар“, истакна официјалниот претставник.

Претходно, државниот секретар на САД, Мајк Помпео, го повтори повикот на САД за казнени мерки против секој што ќе му помогне на иранскиот супертанкеркој сега, наводно, се движи кон грчкото пристаниште Каламата.

Грчкиот премиер Кирикос Мицотакис рече дека иранскиот танкер не побарал дозвола за закотвување од грчките поморски власти, што значи дека во моментов не е на пат кон Грција.

Треба да знаете
Последни објави