Search

Руски авион повторно слета во Венецуела

Авион на руското воено воздухопловство слета на главниот аеродром во Венецуела, јавија западни медиуми. Слична ситуација имаше и пред три месеци што предизвика вербална војна меѓу Вашингтон и Москва.

Руски авион од типот Иљушин 62 е регистриран на меѓународниот аеродром Симон Боливар. Во март со два авиона пристигнаа официјални лица од МО и 100 војници поради што САД ја обвини Русија за како што беше наведено, невнимателна ескалација на ситуацијата во јужноамериканската држава погодена од политичка криза.

Според сајтот Флајтрадар, бројот на авионот (RA-86496е регистриран за руските ВВ сили и одговара на регистрација на авион што во таа земја пристигнал во март.

Засега Министерството за информации на Венецуела и МО на Русија не соопштија за целта на рускиот авион во Каракас.

Треба да знаете
Последни објави