Search

Разрешувањето на Мизрахи утре, распуштање на Собрането во недела

Претседателот на Собранието Талат Џафери за утре во 15 часот ја закажа седницата за предлогот за разрешување на техничката министерка за труд Рашела Мизрахи.

Разрешувањето на Мизрахи го побара техничкиот премиер Оливер Спасовски затоа што Мизрахи го крши Уставот со тоа што не го почитува уставното име на државата.

Мизрахи која е во техничката влада е предлог на ВМРО-ДПМНЕ одбива да го користи уставното име на државата. Таа, една недела одбива да се појави јавно пред паното со новото уставно име користејќи ја старата табла во позадина.

За нејзиното однесување до македонското Министерство за надворешни пристигна и вербална нота од Грција.

Седницата за распуштање на Собранието, пак, веќе е закажана за недела во 12 часот.

Треба да знаете
Последни објави