Search

Прегазен старец во Центар, возачот избегал од местото на настанот

На 13.10.2021 во 13.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Мито Хаџивасилев Јасмин”, непознато патничко возило удрило во пешакот Д.А.(70) од Скопје, по што го напуштило местото. Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Терза”. Извршен бил увид на местото од увидна екипа од СВР Скопје.

Треба да знаете
Последни објави