Search

Прво признание од НБА за Лука Дончиќ

Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ го доби првото признание од НБА лигата – прогласен е за најдобар нов играч во досегашниот тек на најјаката кошаркарска лига во светот.

Раководството на НБА го прогласи 19-годишниот Словенец за најдобар „новајлија“ во досегашниот дел од натпреварувањето.

Заклучно со крајот на ноември, Дончиќ на 20 натпревар во просек постигнува 18,5 поени, 6,5 скокови, 4,3 асистенции и 1,1 украдена топка, за 33,2 минути по натпревар.

Неговата екипа Далас Маверикс минатата сезона ја заврши со учинок од 24 победи и 58 порази, а оваа сезона со доаѓањето на Дончиќ има 11 победи и 11 порази.

Треба да знаете
Последни објави