Search

Почина српската Коко Шанел, Јованка Броз и сопруги на светски државници носеле нејзини креации

Познатата југословенска модна дизајнерка Мирјана Мариќ почина денеска во Белград на 84-годишна возраст.

Родена е на 22.05.1938 година во Кравље во близина на Ниш, а од 1948 година живееше со своето семејство во Белград. Дипломирала во 1960 година на Академијата за применета уметност, отсек за текстил, а потоа и магистрирала текстил и современ костум на Уметничкото училиште во Манчестер.

Историјата на модата и модните дизајнери на Југославија започна со потписот на Мирјана Мариќ, а нејзините креации со воодушевување ги носеа првата дама на Југославија Јованка Броз, „амазонките“ на Гадафи, данската принцеза, белгиските принцези, претставници на дипломатскиот кор, сопруги на многубројни државници кои во седумдесеттите и осумдесеттите години доаѓаа во Белград, велат нејзините пријатели.

Во 1968 година, таа доби статус на слободен уметник и се вработи во Југоекспорт, убедувајќи го раководството на компанијата дека мора да започне со производство, а неколку години подоцна започна да работи во работилница за висока мода.
Последните 35 години живееше на релација Србија-Америка.

– Таа беше и останува синоним за квалитетна мода во СФРЈ, а дизајнерските парчиња од Мирјана Мариќ беа изработени во ограничена серија од 100 до 150 парчиња. Таа организираше повеќе од седумдесет модни ревии ширум светот, додека нејзиниот бренд Tri M и кожните модели имаат добиено бројни домашни и светски награди. Таа доби специјално признание за нејзината креативна работа во 1975 и 1976 година, кога Пјер Карден ја покани во Франција, организирајќи модни ревии со нејзините модели – изјавија нејзините пријатели.

Треба да знаете
Последни објави