Search

Поранешниот претседател Иванов стана дедо, му се роди внук

Синот на поранешниот претседател Ѓорге Иванов, Иван Иванов, пред еден месец се ожени со Јана, откако во октомври минатата година се верија. А, сега семејствата Иванов и Кочов имаат уште една причина за среќа. Иван и неговата сопруга станаа родители.

Заљубениот пар доби син, а радосната вест на социјалните мрежи ја споделија и двајцата родители и нивното семејство. Таткото на сопругата Јана, Атанас ја објави радосната вест на неговиот профил.

Треба да знаете
Последни објави