Search

Помпео возврати на критиките од Германија: Западот победува

Американскиот државен секретар Мајк Помпео во Германија ги отфрли критиките на германскиот претседател и другите европски лидери, на сметка на САД.

Критиките беа упатени на сметка на изолационата политика и егоизмот на владата на претседателот Доналд Трамп, па Помпео рекол дека тие критики немаат упориште во стварноста.

„Задоволство ми е да ви кажам дека идејата според која трансатлантскиот сојуз е мртов во голема мера е претерана“ рекол Помпео на конференцијата за безбедност во Минхен.

Гeрманскиот претседател Франк-Валтер Штајнмајер, кој нема извршни овластувања, но неговите изјави се слушаат во Германија, вчера остро го критикуваше курсот кој го следат американските власти.

„Нашиот главен сојузник САД, под моменталната администрација ја одбива идејата на меѓународната заедница. Државите се повикани да ги стават сопствени интереси над интересите на сите други, „повторно големи“ на сметка на соседите и партнерите“ рекол Штајнмајер на отворањето на конференцијата, цитирајќи го слоганот на Трам: „Да ја направиме Америка повторно голема“.

Помпео одговорил дека САД допринеле за јакнење на источното крило на НАТО, како и уништувањето на самопрогласениот калифат на Исламска држава во Сирија.

„Дали САД се тие кои ја отфрлаат меѓународната заедница? Западот победува. Ние победуваме и тоа го правиме заедно“ рекол Помпео.

Според него, западот има подобра иднина од либералните алтернативи.

Треба да знаете
Последни објави