Search

Полицајката направила семејно злосторство во Гњилане со украден пиштол

Убиството на цело семејство во колината на Гњилане е едно од најголемите злосторства кои се случиле на Косово. Ваљдете Блаца, 45- годишна полицајка која не смеела да носи оружје, семејното злостроство го направила со украден пиштол. Нејзиниот службениот пиштол и бил одземен поради ментални проблеми, пренесуваат медиумите од соседството.

Помалиот брат го убила на спиење, додека во другите членови од семеството пукала во другите делови од куќата, за на крајот по неколкучасовно гледала  во нивните безживотни тела бна своите најблиски таа одлучила да си одземе и својот живот.

Во секоја од жртвите испукла по најмалку два куршуми. Според досегашните извештаи, познато е дека сите се убиени од истото оружје. Крв имало низ целата куќа, таа започнала да убива од вториот спрат на куќата каде што спиел нејзиниот брат, другиот брат го убила во ходникот, па продолжила во девната каде го зстрелата татко и и на крајот во кујната ја убила и мајка си.

 

Треба да знаете
Последни објави