Search

Пожар во фабрика за хартија во Хрватска

Во фабриката за хартија „Еко папир“, во местото Гола, во близина на Копривница, синоќа избувна голем пожар.

Повеќе десетици пожарникари со часови се бореа со огнот, а рано изутрината пожарот беше ставен под контрола, иако поголемиот дел од фабриката сè уште гореше, според Индекс.цом.

„Главниот дел од погонот е изгорен, но е обезбеден. Пожарникарите добро го сочуваа делот во кој се боите и лепилата. Продолжуваме со производството во друг погон”, рече сопственикот на „Еко папир“ Дарко Матошиќ, кој заедно со своите вработени дошол во фабриката веднаш штом слушнал што се случувало.

„Еко папир“ се занимава со производството на хартиени кеси и украсна хартија, а повеќето од производите се извезуваат.

Треба да знаете
Последни објави