Search

Поголем дел од новоинфицираните случаи со коронавирусот во Грција се туристи

Грчките медиуми пренесуваат дека поголем дел од туристите од Србија се позитивни на ковид-19, а тоа е и половина од новите случаи денеска во Грција.

Во последните 24 часа во Грција се регистрирани 43 нови случаи на коронавирус и ниту еден смртен случај. Од новозаболените 36 се туристи од граничните премини.

Како што соопшти Националната организација за јавно здравје, од 43 новозаразени, 36 се откриени на граничниот премин Промахонас, од кои 20 се од Србија и 16 од други земји.

Грција ги затвори границите за влез на српски туристи, а така ќе остане до 15 јули кога одлуката повторно ќе биде разгледана.

По оваа одлука на граничниот премин од раните утрински часови чекаа стотина српски државјани, кои со часови беа заробени на границата меѓу Грција и Бугарија.

Треба да знаете
Последни објави