Search

Повторно повеќе од 1.000 активни случаи на коронавирус во Австрија

Во Австрија, бројот на луѓе кои се активно заразени со коронавирус, а врз основа на растот на новозаразените во последниве денови, повторно надмина илјада.

Според податоците на Министерството за здравство, во моментов има 1.012 активни случаи на коронавирус во Австрија.

Во изминатите 24 часа се регистрирани 85 нови случаи на инфекција со коронавирус, што по три дена со трицифрен број на новозаразени е првиот ден кога тој број е двоцифрен.

Како и во претходните денови, најголем број новозаразени, дури 57, се регистрирани во Горна Австрија, 21 во Виена, пет во Долна Австрија, по еден случаи во Салцбург и Штаерска.

Од почетокот на епидемијата на коронавирус во Австрија, вкупно 18.270 лица се позитивни, а 16.647 се излечени.

Во моментов, хоспитализирани се 78 пациенти, од кои 11 се во одделот за интензивна нега.

Од почетокот на епидемијата, спроведени се вкупно 654.105 тестови за коронавирус.

Бројот на починати остана на 706.

Треба да знаете
Последни објави