Search

Повредени двајца членови на екипаж на товарен брод во Егејското море

Дополнително лекување било потребно за двајца членови на екипажот од товарниот борд под либериско знаме што утрово пловеше без контрола во морето меѓу грчките острови Лезбос и Скирос.

Од грчката крајбрежна служба соопштуваат дека сите членови на екипажот, вкупно 14 лица, биле успешно спасени и пренесени во болница, а двајца биле задржани на дополнително лекување, јави дописничката на МИА од Атина.

Поради проблем со моторот, товарниот брод пловел без контрола, а лошите временски услови во комбинација со големината и тежината на товарот предизвикале навалување на бродот за 30 степени, по што капетанот побарал од екипажот да го напушти бродот.

Во спасувачката акција под ложи временски услови и многу силен ветер, учествувале седум бродови и чамци на крајбрежната служба и на воената морнарица на Грција, два хеликоптери „Супер пума” на грчкото воено воздухопловство и еден хеликоптер на воената морнарица.

Треба да знаете
Последни објави