Search

Пецас: Карантинот во Грција продолжен до 7 декември

Постоечките рестриктивни мерки за заштита од коронавирусот се продолжуваат до понеделник, 7 декември, во 6 часот наутро, соопшти портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас на денешниот редовен брифинг со новинарите.

Според тоа, карантинот во Грција, наместо на 30 ноември, ќе заврши една седмица подоцна.

Пецас објасни дека оваа одлука на Владата се наметнува поради епидемиолошката слика во земјата.
Треба да знаете
Последни објави