Skip to main content
Македонија

Петрушевски: Трошоците за храна и пијалоци се намалени за 1000 денари

27/10/2024  18:40

Трошоците за храна и пијалоци се намалени за 1000 денари, мерките на владата за намалување на цените даваат резултат. Синдикалната минимална кошница, која ја пресметува Сојузот на синдикати на Македонија јасно покажува дека трошоците за храна и пијалоци за едно четири члено семејство во октомври во споредба со септември оваа година се намалени за 1000 денари. Поголем доказ од ова дека мерките на владата даваат плод нема, вели Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.