Search

Петков: Нема да коалицираме со ГЕРБ и ДПС

Копретседателот на „Продолжуваме со промената“ Кирил Петков по најавите од аналитичарите кај источниот сосед Бугарија дека е можно фпрмирање на нова коалиција меѓу победничката Гњерб на Бојко Борисов и второпласираната „Продолжуваме со промената“ на двоецот Кирил петков и Асен Василев, се огласи донеодамнешниот премиер. Петков на ваквите најави возвраќа дека нема да коалицираат со ГЕРБ како и со Движењето за права и слободи.

Асен Василев, копретседател на партијата ја честиташе победата на ГЕРБ-СДС и го призна поразот, велејќи дека тоа е избор на бугарскиот народ. ГЕРБ, според Василев, треба да ја преземе својата политичка одговорност.

„Продолжуваме со промената“ ќе биде опозиција на оние кои победија на изборите во Бугарија, користејќи ги парламентарните можности.

Треба да знаете
Последни објави