Search

Пендаровски: Ниту една држава не се справила со иселувањето без да биде дел од европскиот пазар

Со добивањето на датум за почеток на преговорите, од европските фондови ќе ни бидат достапни огромни средства, рече претседателскиот кандидат Стево Пендаровски на митингот во Кочани.

Тој кажа дека со ова се отвораат можности и за земјоделците, така што нашите производи ќе бидат конкурентни на пазар од 500 милиони жители.

„Перспективите за младите се тука, за образование, патување, обука, нови и добро платени работни места. Ниту една држава не успеала да го реши проблемот со иселувањето ако не е дел од европскиот пазар. Сите претпоставки за економски развој ги имаме. Северна Македонија покажува стапки на раст како што не сме имале до сега. Тоа покажува дека сме на добар пат и треба да продолжиме напред. ЕУ и НАТО носат подобар живот и затоа сите заедно напред“, повика Пендаровски.

Претседателкиот кандидат рече дека решавањето на отворените прашања и европските интеграции се клучот за сигурна и стабилна идинина.

„Најмоќниот воен сојузник ни ги отвори вратите, на чекор сме до полниправно членство во НАТО и седиме на иста маса со најсилните држави во светот. Никогаш повеќе за судбината на Северна Македонија нема да се решаваат други, иднината е обезбедена, одименапред“, нагласи Пендаровски.

Треба да знаете
Последни објави