Search

Партијата на Јанша се закани со тужба до словенечкиот премиер во оставка Шарец

Адвокатот на Словенечката демократска партија (СДС) на опозиционерот Јанез Јанша, испрати писмо до словенечкиот Премиер во оставка Мајан Шарец, во кој бара извинување за негова изјава, а во спротивно се закани со тужба.

Како што јави дописникот на МИА до Љубљана, Шарец веднаш преку социјалните мрежи го објави писмото во кое адвокатот на СДС бара премиерот да се извини за изјава дадена на државната телевизија, каде каал “тешко е да се соработува СДС” и “СДС се финансира од Унгарија”.

Шарец на својата објава на фејсбук напиша дека добил “пријатно” писмо од правниот застапник на СДС.

– Па, ќе се извинам зашто го кажав сопствено мислење, кое го делат и многу други. Сепак живееме во слободна држава. Како и да е, иднината е добро опишана во ова писмо, доколку партијата на Јанша ја состави идната влада – напиша Шарец.

Треба да знаете
Последни објави